По Крис Остен и Ерик Пауел, Гостивар го ангажира и третото странско засилување во пресрет на новата сезона.
Станува збор за Монтре Гипсон, кошаркар кој ја покрива плејмејкерската позиција, висок е 180 сантиметри и во Македонија доаѓа директно од колеџ. Минатата сезона ја поминал на Универзитетот Шарлот каде ги одиграл сите 36 натпревари со ефект од 7,3 поени, 3,6 скока и 2 асистенции.
Гипсон е вкупно седми кошаркар кој потпиша договор со Гостивар за претстојната сезона. Освен неговите сонародници, во екипата ќе бидат и Војче Лефкоски, Максим Митевски, Тома Стојаноски и Габриел Коскоски.