Селекторот на грчката репрезентација Димитрис Итудис се соочува со големи проблеми во составувањето на тимот кој ќе настапи на претстојното Светско првенство.
Извори кај нашиот јужен сосед тврдат дека Ник Калатес го известил Кошаркарскиот сојуз дека не планира да игра за националниот тим, а претходно, настапот го откажале и Тајлер Дорси и Костас Слукас. Сепак, се очекува Јанис Адетокунбо да биде на поширокиот список на кошаркари иако неговото учество на Мундобаскетот се уште не е официјално потврдено од него.
Грција на Светското првенство ќе биде во група со САД, Јордан и Нов Зеланд. Прва цел ќе биде да се помине оваа фаза, а дури потоа ќе се поставуваат следните амбиции.