Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден одличен натпревар на почетокот на новата сезона.
Вашингтон Стејт Универзитетот го совлада Прејри Вју со 83-65, а нашиот кошаркар покажа зошто оваа кампања е капитен на Кугарс. За 31 минута во игра, тој постигна 14 поени, 9 скока, 4 украдени топки и 2 асистенции. Иако овојпат не беше најефикасен во својот тим, Јакимовски го имаше на секој дел од теренот, како вистински лидер на екипата.
По два одиграни натпревари, ВСУ има максимален ефект, но вистински предизвици во НЦАА допрва доаѓаат.