Селекторот на српската репрезентација, Светислав Пешиќ денеска го објави поширокиот список на кошаркари на кои смета за претстојното Светислав Пешиќ и на него, како што беше најавено, немаше неколку големи ѕвезди.
Прв меѓу нив, секако, Никола Јокиќ кој вчера предизвика голема напнатост во земјата откако беше објавено дека нема да игра на Мундобаскетот. Пешиќ денеска објасни кои се причините за отсуството на кошаркарот на Денвер Нагетс.
„Со него имав неколку разговори, тоа беа најдобри разговори што ги имав со некој од играчите кои го одбија повикот. Јокиќ призна дека е емотивно и физички исцрпен и дека не е подготвен да преземе одговорност“, рече Пешиќ.
Покрај Јокиќ, на првенството нема да играат ни Мициќ, Калиниќ, Лучиќ и Митровиќ кои соопштиле дека се повредени. На списокот ги има и Покушевски, Јовиќ и Јарамаз, но нивното присуство на Светското првенство е под голем знак прашалник.