Селекторот на македонската сениорска репрезентација Александар Јончевски одреди 18 кошаркари кои ќе се борат за место во националниот тим за олимписките претквалификации на кои првпат ќе учествува и нашата селекција.
Планирано е подготовките да почнат в понеделник, на 24 јули, а евидентна е желбата на селекторот делумно да го подмлади тимот и да го подготвува за во иднина. Од порано беше познато дека Бојан Крстевски ќе ја пропушти оваа репрезентативна акција, ќе го нема ни Кристијан Николов, но како што неодамна најави КОШ.МК, првпат заедно во репрезентација ќе бидат Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс.
Иако го има на списокот, јасно е дека поради повреда во конкуренција нема да биде Андреј Митревски, додека Андреј Шошкиќ ќе доцни поради настапот на Европското јуниорско првенство Б-дивизија во Португалија. Од младинската селекција која неодамна го освои второто место на Европското првенство, тука се уште Теодор Симиќ, Резарт Мемед, Марин Петков и Амар Хот.
Претквалификацискиот олимписки турнир ќе се одржи од 12 до 20 август во Талин, а покрај Македонија и домаќинот Естонија, во нашата група се уште Чешка и Израел.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски
Ненад Димитријевиќ
Ти-Џеј Шортс
Андреј Јакимовски
Андреј Магдевски
Адем Мекиќ
Андреј Маслинко
Стојан Ѓуроски
Дамјан Робев
Виктор ЕфремоВски
Љубомир Младеновски
Андреј Андоноски
Теодор Симиќ
Андреј Шошкиќ
Резарт Мемед
Марин Петков
Андреј Митревски
Амар Хот
Селектор: Александар Јончевски