Селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски вечерва поднел оставка на тренерската позиција во Кожув, непосредно по натпреварот против Академија ФМП, неофицијално дознава КОШ.МК.
Гевгеличани беа совладани со 83-93 што е нивен шести пораз оваа сезона, а трофејниот стручњак ја презел одговорноста за тоа. Управата на клубот следниве денови ќе одлучи дали ќе ја прифати оставката и ќе се раздели со шефот на стручниот штаб.
Јончевски го водеше Кожув безмалку цела година и особено минатата сезона оствари извонредни резултати. Од екипа од дното на табелата стигна до завршницата од Купот на Македонија, а потоа и до плејофот каде му даде сериозен отпор на МЗТ Скопје во четвртфиналето.
Ова е трета тренерска смена сезонава во македонското првенство откако Пелистер го ангажира Дарко Радуловиќ на местото на Марјан Илиевски, а потоа Горан Самарџиев го замени Димитар Мираковски во Работнички.