Јуниорската репрезентација на Македонија рано утринава отпатува за Португалија каде од 21 до 30 јули ќе учествува на Европското првенство Б-дивизија.
Шампионатот ќе се одржи во градот Матосињос, а нашата селекција е во групата А, со Австрија, Исланд, Велика Британија и Норвешка. Со оглед на тоа што е слободна во воведното коло, својот прв натпревар Македонија ќе го игра в сабота, против Велика Британија. Во текот на подготовките, нашиот тим одигра седум пријателски натпревари, но и се соочи со многу проблеми со повредени кошаркари поради што некои од нив не отпатуваа за Португалија.
Селектор на оваа репрезентација е Андреј Апостолски Лечиќ, а во неговиот стручен штаб се наоѓаат Никола Димитриески, Дејан Србиновски и кондицискиот тренер Трајче Стојанов. Со репрезентацијата се физиотерапевтот Андреј Јовановски и докторката Веселинка Лалчевска.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Андреј Шошкиќ
Горазд Митев
Никола Јаничиќ
Атанасиј Трајанов
Бојан Величковски
Филип Чолаковски
Ангел Стојанов
Бојан Димитриев
Марко Луканоски
Григориј Јакимовски
Павел Иванов
Стефан Стојковиќ