Денеска од 17:30 часот во словенечката престолнина се игра дербито на АБА меѓу Цедевита Олимпија и Партизан.
На прв поглед, бранителот на титулата е фаворит за победата, но има еден друг податок кој ги става „црно-белите“ во подредена ситуација. Откако во 2019 година, дотогашниот хрватски прволигаш Цедевита се фузираше со Олимпија и го доби името Цедевита Олимпија, Партизан нема ниедна победа во Љубљана.
Двете екипи одиграа пет натпревари во Стожице и Тиволи, а секогаш како победник излегуваше словенечкиот тим. Во октомври 2019 година славеше со 85-69, во јануари 2021 со 78-65, во март 2022 со 81-79, а минатата сезона два пати го победи Партизан, во основниот дел со 77-74, а во плејофот со 95-83.
Интересно е тоа што и Жељко Обрадовиќ се уште нема победа како тренер на Партизан во Љубљана, па тоа ќе биде уште еден предизвик за трофејниот стручњак.