Македонската јуниорска репрезентација во неделата ги загуби сите шанси за пласман во четвртфиналето од Европското првенство Б-дивизија, па денешната победа против Норвешка остана пирова и само дополнително ја зголеми тагата за испуштената шанса.
Против Австријците, нашите кошаркари во првото полувреме водеа и со 17 поени разлика за на крајот да доживеат пораз кој сега се покажува кобен. Австрија денеска загуби од Велика Британија со 64-79, но тој дуел само го одреди пласманот на првопласираните две репрезентации во групата пред влезот во плејофот.
Ако Македонија ја победеше Австрија во неделата, утрешниот меч против Исланд ќе беше дуел за пласман во четвртфиналето бидејќи во него нашиот тим ќе влезеше со биланс 2-1. Вака, јасно е дека македонската репрезентација ќе се бори за пласман од 9. до 16. место, а за влез во А-дивизијата во оваа конкуренција ќе почекаме барем уште една година.