Грција ја разнесе Шпанија, Хрватска со магичен пресврт против Србија

0Shares
0 0

Првото коло од Европското кадетско првенство што се одржува во Скопје донесе неколку извонредни и неизвесни пресметки, но и неколку изненадувачки резултати.

Покрај драматичната победа на Македонија против Црна Гора, денот го одбележаа неверојатно убедливиот триумф на Грција против Шпанија и пресвртот во второто полувреме на Хрватска против Србија. Селекторот на Македонија, Андреј Апостолски Лечиќ пред почетокот на првенството ги посочи Грците како едни од фаворитите за титулата, но никој не можеше да претпостави дека вака ќе ја понижат Шпанија која е бранител на титулата во оваа конкуренција.

Селекцијата на нашиот јужен сосед славеше со 75-47 во меч во кој доминираше од почетокот. Шпанија беше рамноправна само до 5-5, потоа следуваше серија од 11-0, на крајот од првата четвртина беше 24-8, а потоа Грците само го зголемуваа своето водство.

Србите против Хрватска играа одлично 22 минути и водеа со 21 разлика (56-35), за во следните 18 минути да фрлат во вода се што напорно градеа и да загубат со 77-86. Проблемите почнаа кога хрватската репрезентација почна да погодува тројки, направи серија од 14-0 во третата четвртина, а на влезот на последниот квартал веќе го презедоа водството и поведоа со 65-64. Со тоа стекнаа и психолошка предност, па во финишот успеаја да направат доволна разлика за победа.

РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО
ГРУПА А
Израел – Холандија 81-55
Литванија – Франција 73-41
ГРУПА Б
Словенија – Данска 60-42
Србија – Хрватска 77-86
ГРУПА Ц
Летонија – Полска 54-87
Италија – Турција 77-51
ГРУПА Д
Црна Гора – Македонија 62-69
Грција – Шпанија 75-47

0Shares
0 0