Стојановска се врати во Бадел!

0Shares
0 0

Една од најдобрите македонски кошаркарки Александра Стојановска, повторно ќе го облече дресот на Бадел.

По ангажманот во Фљамуртари и по успешната рехабилитација по повредата на скочниот зглоб, таа се врати во татковината и по пауза од 2 години повторно ќе ја гледаме во домашното првенство.

„Среќна сум што повторно сум дел од овој колектив, кој воедно ми пружа шанса за мое враќање на терен. Моите очекувања пред се, се да оваа сезона продолжи успешно и да сите останеме во добро здравје поради целата ситуација со пандемијата. Исто така, верувам дека ќе се бориме заедно и ќе го дадеме максимумот за да освоиме нова шампионска титула“, изјави Стојановска.

По четири одиграни натпревар, Бадел е без пораз во својата група со кош-разлика +231.

0Shares
0 0