АБА потврди: Завршницата од втората лига, во Подгорица

0Shares
0 0

Како што најави kos.mk уште во понеделникот, новиот шампион на АБА 2 дивизијата ќе биде добиен во црногорската престолнина.

Домаќин ќе биде Студентски центар кој е и најголем фаворит за трофејот во ова натпреварување. Четвртфиналните и полуфиналните натпревари ќе бидат на програмата од 19 до 26 април, а финалните дуели од 4 до 6 мај, исто така во Подгорица.

Сите три фази ќе се играат во два натпревара, а во случај да е 1-1, ќе одлучува кош-разликата. Познат е и распоредот на дуелите. Единствениот македонски претставник во плеј-офот, МЗТ Скопје против Младост ќе игра на 20 и 22 април. Ако излезе како победник, полуфиналните натпреварие ќе ги игра на 24 и 26 април.

0Shares
0 0