Во текот на летото, словенечкиот шампион Олимпија го претстави новиот проект во кој активно учествуваше македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски како генерален менаџер на клубот.
Донесен беше нов тренер во Симоне Пјаниџани и уште десетина нови кошаркари, но уште на почетокот, љубљанската машина зариба. Во првиот меч од АБА Суперкупот, Олимпија доживеа сензационален пораз од Игокеа која славеше со 75-65 и обезбеди пласман во полуфиналето.
Босанскиот тим покажа повеќе енергија, постојано беше во водство, а ги издржа и оние малку напори на Олимпија да направи пресврт и да дојде до победа. Во полуфиналето, Игокеа ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Партизан и Мега кој е втор на програмата на турнирот во Подгорица.