Грчкиот репрезентативец Јанис Адетокунбо одлично ја почна новата сезона во НБА и досега е еден од најдобрите играчи во лигата.
Дуелот против Далас ноќеска беше потврда за тоа бидејќи ѕвездата на Милвоки Бакс постигна 40 поени и ја продолжи одличната серија. Освен, Адетокунбо постави еден несекојдневен рекорд во НБА со кој зад себе остави неколку големи НБА ѕвезди.
Со петтиот скок од вкупно 15. во дуелот со Далас, Јанис ја надмина границата од 7.000 во ова статистичка категорија, а со тоа стана најмладиот играч во историјата на НБА со најмалку 16.000 поени, 7.000 скока и 3.000 асистенции. Тоа го направи со 28 години и 347 дена, симнувајќи го од првото место Кевин Гарнет кој досега го држеше рекордот со 29 години и 199 дена.
Понатаму на оваа листа се Карим Абдул Џабар со 30 години и 354 дена, Лери Бирд со 31 година и 69 дена и Леброн Џејмс до 31 година и 84 дена.