„Ако го трејдуваат Леброн, Лејкерс ќе бидат кандидати за титулата“

0Shares
0 0

Многу шпекулации се вртат околу Лос Анџелес Лејкерс на еден месец по почетокот на новата сезона и речиси секојдневно некој од играчите се поврзува со трејд во друга франшиза.

Вестбрук е веќе стара тема, сега се шпекулира со Ентони Дејвис, а Ламар Одом отиде чекор подалеку и побара да биде трејдуван лично Леброн Џејмс.

„Ако Лејкерс се ослободат од Леброн Џејмс, повторно ќе бидат во конкуренција за шампионската титула. Со негов трејд може да се добие пола екипа. Јас го викам него ‘Богот Џејмс’, но дури и тој некогаш треба да се жртвува за еволуција на екипата“, смета Одом.

Лејкерс во моментов имаат биланс 3/10 и само чудо може да ги однесе во борба за пласман во плејофот. Леброн просечно постигнува по 24,9 поени, 8,8 скока и 6,9 асистенции, но неодамна се повреди и во моментов е на пауза.

0Shares
0 0