Актуелниот селектор на Македонија го менува поранешниот?

0Shares
0 0

Само формалности го делат Александар Ѓикиќ од заминување од Будуќност, а веќе почнаа шпекулациите во врска со тоа кој би можел да го замени.

Се спомнуваат две имиња, а едното е на актуелниот македонски селектор Драган Бајиќ. Без разлика на неговиот незгоден темперамент, тој е еден од најдобрите стручњаци во регионот и лани беше прогласен за тренер на годината во АБА. Под негово водство, Игокеа со години е во топ-6 екипи во регионалната лига и без конкуренција во првенството на БиХ.

Вториот кандидат за тренерската функција е црногорскиот стручњак Звезда Митровиќ кој лани со Монако ја освои титулата во Еврокупот, но во текот на оваа сезона доби отказ по конфликтот со Мајк Џејмс.

0Shares
0 0