Александар Петровиќ денеска ќе го објави планот за спас на Цибона

0Shares
0 0

Утре поминуваат 60 дена од блокадата на сметката на Кошаркарскиот клуб Цибона што значи дека кој било од неговите доверители има право да почне стечајна постапка.

Затоа, за денеска од 13 часот е закажана прес-конференција на легендарниот хрватски кошаркар, Александар Петровиќ под назив „Ние сме Цибона.“.

„Емоциите на можат да ја спасат Цибона, финансиите да. Одиме ние 2.000 кои финансиски сме во состојба да платат по 5.000 евра и така да го покриеме долгот и да имаме солиден буџет за следната сезона. Истите тие луѓе би го бирале Собранието, Управниот и Надзорниот одбор, а Градот нека работи по свое“, предложи Петровиќ, а деталите од својот план ќе ги објави на денешната прес-конференција.

Цибона во меѓувреме, со последни напори се обидува да договори влез на инвеститори во клубот кои се подготвени да го покријат долгот од четири милиони евра и да вложат уште два за идни трошоци. Но, нивен услов е средена ситуација со салата, а клубот не може да го гарантира тоа. За да покрие стари долгови, Градот Загреб ѝ ја одзеде салата на Цибона, а поради други долгови, клубот не може да аплицира ни за концесија.

Ако успее планот на Петровиќ, Цибона ќе добие 10 милиони евра со што ќе се исплатат и платите на играчите и ќе се задржи составот што ја освои двојната круна во хрватската кошарка последната сезона.

0Shares
0 0