Откако дебитираше во сениорска конкуренција во дресот на својот матичен клув Феникс, македонскиот репрезентативец Амар Хот најверојатно ќе ја продолжи кариерата во тимот на Пелистер.
Според информациите до кои дојде КОШ.МК, крилниот играч се наоѓа пред потпис со битолскиот тим со кого претстојната сезона ќе игра во АБА 2 лигата што била негова голема желба. Во Пелистер ќе се пресели по одличните две години во Феникс и особено по фантастичното младинско Европско првенство Б-дивизија што се одржа во Скопје, а на кое Македонија со Хот го освои сребрениот медал и обезбеди пласман во елитната конкуренција.
На 25 натпревари во Првата македонска кошаркарска лига минатата сезона, 20-годишниот кошаркар просечно постигнуваше по 9,1 поен и 8,1 скок со индекс 13,2.