Иако на Светското првенство ќе оди со далеку послаб состав од најдобриот можен, американската репрезентација бележи одлични резултати за време на подготовките.
Четата на Стив Кер ја совлада и репрезентацијата на Шпанија на турнирот во Малага со 98-88 и засега има максимален ефект во пресрет на Мундобаскетот. Ден претходно, САД беа подобри и од Словенија која ја победија со 30 поени разлика.
Шпанците подобро го почнаа натпреварот, но противникот во продолжение заигра многу подобро. До полувреме имаше +10 (55-45) за домаќинот на турнирот во третата четвртина да намали на само еден поен негатива. Се до половина на последниот период се играше израмнето, но во финишот Ентони Едвардс со неколку одлични потези ги реши сите дилеми.
Џелјен Брансон со 21 поен беше најефикасен играч на мечот, а Алдама ја предводеше шпанската репрезентација со 14. До почетокот на Мундијалот, Шпанија ќе игра уште со Канада и Доминиканска Република, а САД со Грција и Германија.