Американките поставија нов рекорд на светските првенства

0Shares
0 0

Пред последното коло од групната фаза на женскиот Мундобаскет, само најголемиот фаворит САД е без пораз по четири одиграни меча.

Американките славеа убедливи победа против Белгија, Порторико и Кина, а поставија нов светски рекорд на последниот меч, против Јужна Кореја. Славеа со 145-69 што не е највисока победа во историјата на шампионатите, но го соборија рекордот по бројот на постигнати поени на ова натпреварување.

Досегашниот го држеше Бразил, а важеше 32 години. Во 1990 година, селекцијата на оваа земја против Малезија постигна 143 поени и победи со 93 разлика во втората групна фаза од тогашното Светско првенство. Интересно е тоа што иако доминира на планетарните шампионати, САД досега не успеале не успеале да ја надминат границата од 119 поени.

0Shares
0 0