Американски кошаркар во животна опасност откако бил претепан во ноќен клуб

0Shares
0 0

Членот на кипарскот прволигаш АЕЛ Лимасол, Кори Мениголт се наоѓа во исклучително тешка состојба откако во саботата бил жртва на напаѓачи во ноќен клуб во Никозија.

Кога бил примен во болницата, тој бил свесен и неговиот живот не бил во опасност, но во меѓувреме ситуацијата драстично се сменила. Мениголт е донесен со излив во мозокот и хематом и докторите се борат да го спречат најлошото.

Во тепачката настрадале и девојката на Мениголт и неговиот соиграч Брендон Еверет, но нивните повреди не се тешки.

0Shares
0 0