Американците ја совладаа Шпанија на „генералката“ пред Токио

0Shares
0 0

Репрезентацијата на САД триумфираше со 83-76 против Шпанија во последниот тест пред заминувањето на Олимписките игри.

Најефикасен во редовите на Американците беше Дејмијан Лилард со 19 поени, зад него останаа Келдон Џонсон со 15 и Кевин Дурант со 14. Прв стрелец на мечот воопшто беше Рики Рубио со 23 поени.

Селекцијата на САД на подготовките пред Олимписките игри одиграа четири натпревари и забележаа по две победи и порази. Ги совладаа Аргентина и Шпанија, светскиот шампион и вицепрвак, а загубија од Нигерија и Австралија.

0Shares
0 0