Американците заминаа за Токио со само осуммина кошаркари

0Shares
0 0

Несреќната американска кошаркарска репрезентација тргна кон јапонската престолнина без третина од своите кошаркари.

На пат отидоа осуммина играчи од кои последниот е Џерами Грант кој пет дена помина во изолација и потоа доби дозвола по еден негативен тест. Кон Токио тргнаа: Кевин Дурант, Дејмијан Лилард, Џејсон Тејтум, Бам Адебајо, Дрејмонд Грин, Џерами Грант, Келдон Џонсон и Џавејл Мекги.

Зек Лавин отпадна во последен момент, но Грег Попович се надева дека дополнително ќе пристигне во Јапонија, за завршницата од олимпискиот турнир, а по финалната серија, ќе патуваат уште Девин Букер, Џру Холидеј и Крис Мидлтон кои се членови на Феникс, односно Милвоки.

0Shares
0 0