Апостолски Лечиќ го скрати списокот на играчи во кадетската селекција

0Shares
0 0

По одржаните селективни тренинзи во вторникот, селекторот на М16 репрезентацијата на Македонија одлучи кои 18 кошаркари ќе ги продолжат подготовките за Европското првенство што летово ќе се одржи во Скопје.

Подготовките на оваа селекција почнуваат на 27 јуни, а шампионат е на програмата од 12 до 20 август. Најмногу кошаркари има од Водно Санс што е и очекувано ако се знае дека оваа екипа триумфираше во М16 првенството и тоа на убедлив начин.

Од порано беше познато дека во стручниот штаб на Андреј Апостолски Лечиќ ќе бидат Дејан Србиновски, Никола Димитриески и Александар Ацевски.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА У16 РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА-МАЖИ
Бојан Величковски – МЗТ Скопје Аеродром
Карло Димевски – Феникс 2010
Стефан Стојковиќ – Феникс 2010
Андреј Стојановски – Феникс 2010
Димитар Зетов – Струмица
Сергеј Младеновски – Вардар
Даријан Трајковски – Вардар
Дино Лазарев – Дино Баскет
Никола Поповиќ – Академија ФМП
Малик Тачи – Чаир 2030
Коста Кириловски – Водно Санс
Атанасиј Трајанов – Водно Санс
Никола Јаничиќ – Водно Санс
Лука Марјановиќ – Водно Санс
Горазд Митев – Работнички
Габриел Петровски – ТФТ
Марко Лукановски – Италија
Давид Петрушевски – Италија

0Shares
0 0