АПОСТОЛСКИ ЛЕЧИЌ: Ќе дадеме се од себе, тоа што сме домаќини ни е мотив плус

0Shares
0 0

Кадетската репрезентација на Македонија од утре до 20 август ќе учествува на Европското првенство чиј домаќин ќе биде Скопје.

На ден пред почетокот на шампионатот, селекторот Андреј Апостолски Лечиќ го објави конечниот список на кошаркари кои ќе настапат. Во исто време се осврна на периодот на подготовките и очекувањата од првенството.

„После успешно реализираните подготовки за Европското првенство во траење од 45 дена, комплетни влегуваме на овој шампионат од најсилната кадетска конкуренција. Ќе ни биде особена чест да бидеме дел од ова големо натпреварување, и во оваа прилика можам да ветам дека ние ќе го дадеме нашиот максимум за националниот дрес.

Тоа што сме домаќини на ова првенство треба да ни биде мотив плус за добра игра. Во исто време посакувам и да не изостане онаа поддршка од трибините. Очекувам публиката да ни даде дополнителна енергија во реализација на нашите планови. Тоа многу ми значи“ , изјави Апостолски Лечиќ.

Македонската репрезентација е во групата Д во која се наоѓаат уште Црна Гора, Шпанија и Грција. Прв противник ни е Црна Гора, утре од 18:45 часот.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Карло Димевски         Феникс 2010
Никола Јаничиќ Водно Санс
Коста Ќириловски      Водно Санс
Дино Лазарев    Дино Баскет
Марко Лукановски    Оrange One (Италија)
Лука Марјановиќ       Водно Санс
Сергеј Младеновски  Вардар
Давид Петрушевски  San Severo ((Италија)
Стефан Стојковиќ       Феникс 2010
Атанасиј Трајанов      Водно Санс
Бојан Величковски    МЗТ Скопје Уни Банка
Димитар Зетов  Струмица 

Селектор: Андреј Апостолски Лечиќ
Асистент-тренер: Дејан Србиновски
Асистент-тренер: Никола Димитриевски

0Shares
0 0