АШАДАНОВ: Не очекуваат тешки натпревари, но нема да калкулираме

0Shares
0 0

В четврток и недела, женската кошаркарска репрезентација на Македонија, ја очекуваат два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2023 година.

Противници се Германија и Белгија, исклучително силни селекции од кои се очекува добар резултат и на континенталниот шампионат догодина. За тоа е свесен и селекторот Александар Ашаданов кој ја пренесува атмосферата во репрезентација, пет дена по првиот собир.

„По она што можев да го видам на првите тренинзи, а и по комуникацијата со останатите девојки, сите играчи се во добра форма, но голем хендикеп би било неиграњето на нашиот капитен Митрашиновиќ која во изминатиов период има здраствени проблеми. Се надеваме на нејзино заздравување и приклучување со остатокот од екипата.

Натурализираната репрезентативка Мерит Хемпе е, пред се, прекрасна личност, имав можност да ја запознаам пред неколку недели кога беше во Скопје и со сигурност одлично ќе се вклопи во нашата екипа“, вели Ашаданов.

Ноемвриските натпревари од квалификациите за Европското првенство ќе бидат голем предизвик за македонската репрезентација и покрај тоа што, како ретко кога порано, имаме многу кошаркарки кои играат во странство.

„Не очекуваат тешки натпревари. Германија е веќе добра позната екипа за нас бидејќи игравме претходниот прозорец кај нив, додека Белгија е извонредна екипа со одлични индивидуалци која секогаш е еден од главните фаворите на сите првенства и со сигурност фаворит број 1 во нашата група. Меѓутоа, ова не значи ништо, не планираме да калкулираме и нашата цел ќе биде иста – победа на натпреварите, без разлика со кого играме“, додава младиот стручњак.

0Shares
0 0