Ашаданов веднаш се фати за работа

0Shares
0 0

Еден ден откако официјално беше назначен за селектор на женската кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов го објави поширокиот список на играчи на кои смета за ноемвриските квалификациски натпревари.

Идниот месец, нашата селекција гостува кај Германија и ја пречекува БиХ, на почетокот од циклусот за пласман на Европското првенство во 2023 година. Дуелот со Германија се игра на 11 ноември во Хале, а четири дена подоцна во Скопје доаѓаат Босанките.

На списокот на Ашаданов има 24 кошаркарки, а интересно е тоа што речиси половина од нив играат во странски клубови. До почетокот на ноември, ќе се знае колку од нив ќе се појават на стартот на подготовките.

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ
Анџелика Митрашиновиќ Tarbes Франција
Илина Селцова Peac Унгарија
Девана Бонер Connecticut Sun Aмерика
Тијана Митрева Dinamo Sassari Италија
Марија Димитријевиќ Бадел 1862 Скопје
Матеа Николиќ Kansas Athletics САД
Габриела Модева Victory Christian сentаr САД
Ивона Кожобашиовска Dinamo Sassari Италија
Емилија Лазарова Вардар Скопје
Александра Стојановска Бадел 1862 Скопје
Нена Трајчевска Бадел 1862 Скопје
Цветанка Димова Бадел 1862 Скопје
Ивона Пејковска Вардар Скопје
Јована Петрушевска AO Dafni Agios Dimitrios Грција
Кате Поп-Димитрова Баскет Кам Каменица
Драгана Петковска Вардар Скопје
Михаела Алексовска Крива Паланка
Ива Чолаковска Работнички Скопје
Ивана Кметовска Бадел 1862 Скопје
Марија Митева МЗТ Скопје Аеродром
Мартина Блажевска Бадел 1862 Скопје
Снежана Серафимова Duquesne Dukes САД
Елена Тасевска Нема клуб
Наталија Секуловска САД

0Shares
0 0