Два дена откако го потврди Ергин Атаман за нов тренер на екипата, Панатинаикос го официјализираше и првото засилување за новата сезона.
Станува збор за членот на славната кошаркарска фамилија Адетокунбо, Костас кој оваа сезона ја помина во ривалскиот клуб на Атаман – Фенербахче. Тој потпиша договор на две сезони и треба да ја пополни центарската позиција на најтрофејниот грчки клуб.
Join us in welcoming @Kostas_ante13 to Panathinaikos BC! 🤝☘️
Read More 👉 https://t.co/iokEADGzIM#WeTheGreens #paobc pic.twitter.com/5HKLdFaWpe
— Panathinaikos BC (@paobcgr) June 22, 2023
За Костас Адетокунбо, Панатинаикос ќе биде трет европски клуб во кариерата по Асвел и Фенербахче, а има и НБА искуство во екипите на Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс со кој во 2020 година освои и шампионска титула иако одигра само пет натпревари.