(ВИДЕО) Јокиќ почна со дабл-дабл, Денвер му се одмазди на Феникс

0Shares
0 0

Најдобриот играч од минатата сезона Никола Јокиќ одлично ја почна и новата натпреварвачка кампања во која ќе се обиде да го однесе својот тим екор понапред.

Денвер гостуваше кај Феникс од кого во минатиот плеј-оф беше елиминиран со 0-4 и успеа делумно да му се одмазди за тој дебакл, совладувајќи го со 110-98. Победата дoбива на тежина ако се знае дека Нагетс во еден период имаше негатива од 16 разлика.

Јокиќ одигра 35 минути и постигна 27 поени и 13 скока, а многу важен момент беше тројката пред истекот на првото полувреме со која ги разбуди своите соиграчи. Покрај него, се истакнаа уште Бартон со 20 и Портер со 15 поени.

Феникс немаше особено ефикасни играчи. Прв стрелец беше Бриџис со 16 поени, а еден помалку реализираа Пол и Ајтон.

0Shares
0 0