Плејмејкерот на Партизан, Алекса Аврамовиќ не го дочека крајот на првото полувреме на денешниот натпревар против Олимпија во Љубљана.
При една акција на домашниот тим, тој имаше судир со главите со Јака Клобучар, но од тој дуел го извлече подебелиот крај. Според првите информации, доживеал фрактура на носот и можно е да биде надвор од терените извесен период. Неколку минути по судирот, Аврамовиќ го напушти теренот и со лекарскиот тим замина во соблекувална.
Тој и лани имаше слична повреда поради која неколку месеци носеше маска на лицето. Повеќе информации во врска со неговата состојба веројатно ќе се знаат во текот на вечерта.