Австралијците не отпатуваа во Иран од страв за својата безбедност

0Shares
0 0

Кошаркарската федерација на Австралија објави соопштение со кое објави дека репрезентацијата на оваа земја нема да патува во Иран поради политичката ситуација во оваа азиска држава.

Иран и Австралија требаше да играат натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2023 година, но Австралијците не се чувствуваат безбедни и затоа го откажаа своето патување. Со триумфот против Казахстан во претходниот меч, тие веќе го обезбедија пласманот на Мундобаскетот, но можно е да добијат казна за овој свој потег. Натпреварот е од огромно значење за Иран кој се уште има шанси за второто место на табелата што води на Светското првенство.

Владата на Австралија неодамна ги предупреди своите жители за потенцијални терористички напади и пукање во Иран, а дополнително соопшти дека при евентуални проблеми со своите државјани во оваа држава дека не може да им помогне при евакуација поради лимитираните можности.

Во текот на оваа година Австралија одби да ја пушти јуниорската репрезентација на Азиското првенство во Иран поради што доби суспензија од ФИБА и М19 репрезентацијата нема да може да настапи на Светското првенство идното лето.

0Shares
0 0