Бадел брка историски успех во ВАБА лигата

0Shares
0 0

Најтрофејниот македонски женски кошаркарски клуб е на пат на нов историски подвиг, откако оваа сезона веќе постигна неколку одлични резултати.

Бадел веќе има две победи на гостински терен и сега е на добар пат да освои едно од првите четири места во својата група во ВАБА лигата кои носат во Суперлигата во ова натпреварување. До крајот на овој дел од сезоната му остануваат уште три натпревари од кои два на домашен терен и со евентуални победи на нив, скопската екипа ќе ја оствари својата цел.

Првиот меч е веќе утре од 19 часот кога во Скопје гостува најслабиот тим во оваа конкуренција Бановиќи. Многу поважниот дуел е за две недели, на 15 декември кога Бадел се среќава со Партизан во директниот дуел за четвртото место.

Теоретски, Бадел можеби ќе може да помине во Суперлигата и со само една победа, во случај од Партизан да загуби со помалку од три разлика.

0Shares
0 0