Бадел е во ВАБА елитата!

0Shares
0 0

Македонскиот вицешампион Бадел обезбеди пласман во ВАБА Суперлигата, по четвртиот триумф во првата фаза од ова натпреварување.

Во клучниот дуел, скопскиот тим го победи Партизан со 58-46 и како четвртопласиран оди во главниот дел кој носи уште осум натпревари со силни екипи. Интересно е тоа што убедливиот триумф е остварен и покрај 23. загубени топки, но одлучи скокот кој беше далеку на страната на нашит тим.

Клучни беа втората и третата четвртина во кои Бадел одигра одлична одбрана и прими вкупно 14 поени. По серијата од 15-3 пред крајот на вториот квартал, македонскиот тим првпат се одвои на двоцифрена разлика (34-24) и со +10 замина на полувреме. Одличната игра продолжи и во третата четвртина, а на пет минути пред рајот Бадел ги достигна највисоките +22 (54-32) по што се беше готово. Во финишот Партизан направи 14-4 и се избори за попристоен пораз.

Гостинките од Белград немаа одговор за тандемот Ивана Кметовска-Нена Трајчевска, двете кошаркарки кои остварија дабл-дабл. Кметовска постигна 20 поени и 10 скока, а Трајчевска додаде 16 поени и 13 скока. Се истакна и Димова со 15 поени и 8 скока

0Shares
0 0