Бадел подготвува одмазда, Баскет Кам ја брани титулата

0Shares
0 0

Вечерва од 20 часот во салата „Назависна Македонија“ во Кисела Вода почнува финалната серија од плејофот во женското кошаркарско првенство.

Финалето е според проекциите, Бадел ќе го предизвика Баскет Кам и ќе се обиде да му го земе шампионскиот трофеј, а во исто време да стигне до првата титула во домашното првенство по пауза од четири години. Екипата од Македонска Каменица е бранител на пехарот, а во исто време ги освои трите последни големи трофеи во македонската кошарка – два во Купот и еден во шампионатот.

Во основниот дел од сезоната, двете најдобри екипи во домашното првенство се сретнаа три пати и подобар беше Бадел (2-1) поради што и го освои првото место и ја има предноста на домашен терен. Ако се земат предвид сите натпреварувања, повторно води скопскиот тим (3-2) бидејќи триумфираше во Суперкупот, а загуби во финалето од Купот на Македонија.

Финалната серија почнува вечерва, а може да трае најдоцна до 25 мај за кого е закажан евентуалниот петти натпревар.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ФИНАЛНАТА СЕРИЈА
12.05: Бадел 1862 – Баскет КАМ 2011
15.05: Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862
18.05: Бадел 1862 – Баскет КАМ 2011
21.05: Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862 (ако биде потребно)
25.05: Бадел 1862 – Баскет КАМ 2011 (ако биде потребно)

0Shares
0 0