Бадел со пораз се прости од скопската публика

0Shares
0 0

Лидерот на табелата во македонското првенство не успеа да дојде до втората победа во Суперлигата од ВАБА.

Во последниот натпревар на домашен терен, Бадел загуби од Орлови со 65-70 иако во првото полувреме беше рамноправен, на моменти и подобар противник и го достигна највисокото водство, од 25-19. Се тргна надолу за нашиот тим кон средината на третиот квартал кога гостинките направија серија од 10-0, Бадел подоцна успеа да се доближи на 41-44 и 47-49, но не и да направи нов пресврт.

Во последната четвртина Орлови уште еднаш постигнаа десет поени во низа и се одлепија на највисоки +14 (65-51) што беше конечен удар за амбициите на Бадел. Да играа Кметовска и Димитријевиќ, веројатно исходот ќе беше поинаков.

Цветанка Димова со 22 поена и 10 скока беше најдобар играч во тимот на Бадел, Стијановска постигна 17 поени, а Трајчевска 12. За нашиот тим остануваат уште два натпревара и тоа против истиот ривал на 23. и Триглав на 25. февруари.

0Shares
0 0