Бадел со само пет кошаркарки го совлада Вардар

0Shares
0 0

Екипата на Бадел остана единствена непоразена екипа во домашното првенство иако требаше да вложи дополнителен напор за да дојде до победата во дуелот со Вардар.

Тимот на Перо Стамески го одигра мечот со само пет кошаркарки. Резултатот беше тесен до пет минути пред крајот (62-60) по што следуваше серија од 8-2 на домашната екипа за уште една победа.

Стојановска со 21 поен беше најефикасна на натпреварот, а Димова и Трајчевска остварија дабл-дабл. Кај Вардар, Подунавац постигна 20 поени со 9 скока и 6 асистенции.

0Shares
0 0