Бадел уште еднаш го победи шампионот и се зацврсти на чело на табелата

0Shares
0 0

Екипата на Бадел ја оствари третата победа во меѓусебните дуели со Баскет Кам оваа сезона, совладувајќи го во рамките на деветтото коло со 77-64.

Гостинките подобро го отворија натпреварот, поведоа со 8-0, но нивната предност траеше само до краот на првата четвртина. Со серија од 17-0 пред крајот на првиот и почетокот на вториот квартал, Бадел се одлепи на 33-19, а Баскет Кам во првите пет минути постигна само два поена.

Драматиката делумно се врати во третата четвртина кога екипата од Македонска Каменица намали на пет поени негатива (48-53), но Бадел брзо ги врати работите на своето место и дојде до убедлив триумф. Претходно, скопјанки го победија шампионот во мечот од Суперкупот и на гостувањето во Каменица., во рамките на првенството.

Александра Стојановска беше најефикасна на натпреварот со 23 поени, Трајчевска додаде 16, а Кметовска 15. Кај Баскет Кам, Тасевска стигна до 20 поени, Адамс реализира 14, а Пуљизевиќ оствари дабл-дабл со 14 поени и 11 скока.

Триумфот против Баскет Кам е одлична увертира за Бадел за натпреварот на сезоната, против Партизан в среда, кој директно одлучува за патникот во Суперлигата од ВАБА лигата.

0Shares
0 0