БАЈИЌ: Со кој тим и да дојде, Шпанија е фаворит, но ние мора да веруваме во себе

0Shares
0 0

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ е свесен за тешката задача што ја има во квалификациите за Светското првенство, но и деа самото учество во нив е голем успех.

Судбината сакаше прв противник да ни биде актуелниот светски шампион кој во Скопје ќе допатува со „трет“ тим, но и таков ја има фаворитската улога. Тоа го потенцира и селекторот кој очекува максимална борба од неговите кошаркари.

„По моето доаѓање најавив дека ќе го подмладуваме тимот и истовремено ќе се бориме да имаме подобри резултати. Овој циклус, со вакви звучни имиња, сигурно добро ќе му дојде на тимот и на оваа селекција за следниот период. Го пропуштивме претходното ЕП, но се надевам дека ќе играме понатаму. Имаме сериозни ривали како Шпанија, Грузија, Украина. Нема да биде лесно, но јас сум човек-оптимист и верувам во она кое го работам. Во кариерата сум победувал посилни со многу полоши тимови.

Во првиот натпревар против Шпанија мора да влеземе со голема самодоерба и мотивација затоа што се носи дресот со државниот грб и ако ни се даде шанса, да изненадиме. Мора да бидеме реални, Шпанија со било кој тим да дојде, мора да имаме максимален респект кон тој ривал. Во ростерот се играчи кои играат во големи клубови. Но, мора да веруваме во нас и се надевам дека публиката ќе дојде во голем број и ќе биде наша поддршка“, смета Бајиќ.

Натпреварот против Шпанија е прв во историјата на македонската репрезентација во квалификации за Светско првенство.

0Shares
0 0