Најлошото Ел Класико во поновата историја не понуди ништо интересно, освен завршницата, но и ден по него, се уште се зборува за контроверзните моменти.
Можеше да биде уште пожустро поради одлуката на судиите да му доделат три слободни фрлања на Томаш Саторански на пет секунди пред крајот за наводен шут од далечина, но Чехот промаши две од нив, па никој сега не зборува за тоа. Сепак, од Барселона се жалат на непризнат кош на Весели во првата четвртина поради што каталонскиот клуб најави жалба, но нема да има ништо од тоа.
La cistella fantasma de JAN VESELY que no ha pujat al marcador
‼️ El crono de 24 segons s'ha aturat durant la possessió culer pic.twitter.com/9biKrlrycP
— Àlex Gozalbo (@AlexGozalbo_) October 26, 2023
При еден напад на Барселона во воведниот квартал, часовникот застана на шест секунди пред крајот, а гостите продолжија да ја градат својата акција. Весели потоа постигна кош од врвот на рекетот, судиите прво го признаа, а потоа, на сугестија од записничката маса, ја прегледуваа снимката и заклучија дека времето за напад истекло, па логично и кошот беше поништен.
По натпреварот Барса најави дека ќе се жали поради повреда на правилата, ама тоа нема ништо да донесе. Причината е во тоа што тренерот Роџер Гримау не побара челинџ на одлуката, па тој момент повеќе не може да биде предмет на разгледување и прегледување. Единствено што може да направи Барселона сега е да испрати протестно писмо до Евролига во кое ќе се пожали на судиската тројка.