По Никола Миротиќ, Барселона денеска се раздели и со американскиот интернационалец Кори Хигинс кој требаше да биде важен дел од проектот на каталонскиот клуб.
За раскинот на соработката веќе е известен и менаџерот на Хигинс, а крилниот играч си заминува од Барселона по четири годинни поминати во тимот, период во кој освои две титули во шпанското првенство и еден во Копа дел Реј, но не ѝ го донесе на Барса трофејот од Евролигата. Во мај годинава, Хигинс имаше операција на грбот, а договорот со досегашниот клуб му беше со важност до крајот на идната сезона.
Минатата, американскиот кошаркар просечно постигнуваше по 8,7 поени во Евролигата и 9,8 во шпанското првенство.