АЦБ лигата денеска го објави распоредот за новата сезона која ќе стартува на 23 септември, а основниот дел ќе трае до 12 мај.
Она што најмногу ги интересира љубителите на кошарката е кога ќе играат меѓу себе најтрофејните клубови од Шпанија, Барселона и Реал Мадрид. Нивниот прв лигашки дуел е закажан за третото коло, на 1 октомври на теренот на актуелниот вицешампион.
Ова значи дека во период од 40 дена би можело да има дури три Ел Класика. Се зависи од тоа дали двата тима ќе се сретнат во шпанскиот Суперкуп кој е закажан за 16 и 17 септември во Мурсија бидејќи нивната евролигашка пресметка е закажана за 26 октомври.
Новата сезона во шпанското првенство почнува со каталонско дерби бидејќи во првото коло Барселона го пречекува Хувентут во Блауграна. Реал стартува со дуел против Сарагоса на домашен терен.