Шпанскиот репрезентативец Вили Хернангомес веќе се подготвува за враќање во татковината по седум години поминати во НБА лигата, а со оглед на неговата досегашна кариера, нормално е да има заинтересирани за него.
Правата на него за Европа ги има Реал Мадрид кој во повозрасниот од браќата гледа идеална замена за Валтер Таварес со кого не може да постигне договор за продолжување на соработката. Сепак, својата шанса од втор план ја гледа Барселона која, според шпанските медиуми, веќе стапила во контакт со Хернангомес и преговорите се во поодмината фаза.
Сепак, и покрај интересот на Барселона, се во овој случај зависи од Реал Мадрид кој наскоро треба да донесе конечна одлука дали ќе го задржи Таварес или ќе го врати Вили кој од 2013 до 2016 година го носеше белиот дрес, а лани беше прогласен за МВП на Европското првенство.