На 20-тина дена пред почетокот на сезоната во Евролигата, речиси сите екипи ги комплетираа своите ростери, а познати се и платите кои ќе ги заработуваат кошаркарите бидејќи во Европа тоа е е најнормална работа.
Многу е интересно тоа што и оваа сезона, најскапиот кошаркари ќе го има Барселона иако летово во Евролига се пресели Кемба Вокер, а на чекор од премин во Баерн е Серж Ибака. На првото место на најплатени играчи е новиот член на Барселона, Вили Хернангомес, исто така повратник од НБА кој дојде на местото на Никола Миротиќ и ќе биде огромно засилување за каталонскиот клуб.
Оваа ситуација е многу чудна бидејќи Барселона буквално го избрка Миротиќ за да заштеди на неговата плата, а сепак истиот износ му го даде на Хернангомес. Јасно е дека станува збор за финансиски акробации од клубот кој мораше да ги „испегла“ книгите за да може да носи играчи во фудбалската екипа.
Миротиќ сега падна на третото место со 3,2 милиона евра кои ги договори со Олимпија Милано. Второпласиран е Шејн Ларкин со 4 милиони, а во најплатените петмина се уште Еди Таварес и Костас Слукас со по три милиони евра годишно. Изненадува тоа што во топ-10 не е Кемба Вокер кој во својата професионална кариера има заработка од околу 200 милиони долари.