Барса влезе во друштвото на Олимпијакос и Реал

0Shares
0 0

Шпанскиот вицешампион Барселона третиот тим што обезбеди пласман во плејофот од Евролигата, по вечерашната победа на гостувањето кај Панатинаикос со 88-74.

Пред „каталонците“, местото во топ-8 си го загарантираа Олимпијакос и Реал Мадрид, па во последните четири кола ќе се дефинира конечниот пласман. Многу блиску до плејофот е и Монако кој со евентуална победа против Валенсија утре, исто така ќе обезбеди учество во разигрувањето за титулата.

За останатите четири места ќе се води голема битка, веројатно до крајот на основниот дел. Засега, пет екипи се на две победи разлика, а таа група може да се зголеми ако Валенсија направи изненадување и победи во Монако.

0Shares
0 0