Барса во најлоша серија во последните 17 години

0Shares
0 0

Шпанскиот првак Барселона вчера доживеа сензационален пораз од Манреса во Блауграна и со тоа повтори еден неславен резултат од сезоната 2004/05.

Сите три порази во домашното првенство, Барса ги претрпе на домашен терен, но уште почудно е што се доживеани во серија. Каталонскиот гигант ги загуби последните три меча пред својата публика, од Валенсија, Басконија и синоќа од Манреса.

Последен пат, такво нешто се случи во 2005 година, кога тренер на екипата беше Душко Ивановиќ, а Барса доживеа порази од Аликанте, Валенсија и Басконија (тогаш Тау Керамика). Таа сезона беше една од полошите во поновата историја на клубот бидејќи доживеа елиминација од Естудијантес во првата фаза од плеј-офот, а титулата ја освои Реал Мадрид.

Во исто време, ова е најлош старт на Барселона од 2017 година кога по 14 одиграни кола, исто така, имаше биланс 11/3. Голем придонес за сегашните резултати имаат повредите и заразените со корона во екипата на Шарунас Јасикевичиус.

0Shares
0 0