Барселона почна да му набива комплекси на Реал

0Shares
0 0

Во екот на најголемата резултатска криза оваа сезона, Барселона собра сили и повторно го „преслуша“ својот најголем ривал и тоа на негов терен.

Во третото Ел Класико оваа сезона, прво во рамките на АЦБ лигата, Барса славеше со 85-75 за да остане во игра за првата позиција на табелата по основниот дел од сезоната. Покрај тоа, каталонскиот клуб го задржа максималниот ефект на гостински терен и по осмиот натпревар одигра „на страна“.

Клучен беше третиот период од натпреварот кој ѝ припадна на Барселона со 21-14 и во кој гостинската екипа првпат направи двоцифрена предност (61-51). Во продолжение Реал се доближи на два поена негатива, но неколку брозплети реакции на кошаркарките на мадридскиот тим му овозможија на противникот да стигне до победата.

Ова е осма победа на Барселона на последните десет пресметки со Реал, сметајќи ги сите натпреварувања и петта по ред во Визинк центарот кога станува збор за првенствените дуели. Реал по еднаш триумфираше во финалето од Суперкупот на почетокот од оваа сезона и во неважен натпревар од финишот на минатата сезона во рамките на АЦБ лигата.

0Shares
0 0