Можеби Реал Мадрид ја освои титулата во Евролигата, нјо во финалето од шпанското првенство падна пред Барселона без испукан куршум.
Каталонскиот тим ја освои јубилејната 20. шампионска титула во АЦБ лигата, втора во последните три сезони, откако во финалето го совлада лутиот ривал со 3-0. До третиот поен во серијата, а со тоа и до трофејот стигна вечерва на теренот на Реал, победувајќи го со 93-82 во еден од своите најдобри натпревари оваа сезона.

Повеќе од три четвртини се играше израмнето за Барса во последниот квартал да го зададе финалниот удар и конечно да го скрши отпорот на домаќинот. По 85-80 постигна пет поени по ред, но поважно, го неутрализира нападот на Реал и благодарение на тоа дојде и до преубедлива победа во однос на она што се случуваше во најголемиот дел од мечот.
Јан Весели постигна 19 поени и беше најефикасен во тимот на Барселона, Миротиќ додаде 14, а Јокубаитис. Реал беше предводен од Валтер Таварес кој оствари дабл дабл со 19 поени и 11 скока.
За најкорисен играч на финалната серија беше прогласен Никола Миротиќ за кого денешниот натпревар најверојатно беше последен во дресот на Барселона.