Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата оваа сезона Кевин Пантер има уште една понуда за продолжување на кариерата, тврди италијанскиот новинар Алесандро Маџи.
Освен Партизан, кој сака да го задржи во своите редови и Панатинаикос кој би сакал да го донесе кај себе, во игра влегува Барселона. Каталонскиот клуб планира реконструкцијата на екипата за новата сезона и намалување на буџетот, но Пантер е еден од играчите на кој се планира да биде базирана играта во иднина.
Сепак, Маџи не дава одговор како ќе биде изведено тоа, со оглед на фактот што Панатинаикос е подготвен да даде богата понуда за потписот на Пантер и да го направи најскап играч во тимот.