Барселона пак загриза за Калиниќ

0Shares
0 0

Еден од најдобрите играчи на Црвена Звезда, Никола Калиниќ повторно има понуда од Барселона, тврдат медиуми во Шпанија.

Тој и лани имаше можност да се пресели во Каталонија, но одби и се врати во тимот на Црвена Звезда. Таму беше еден од најзаслужните за освоената тројна круна, па логично е што се врати и интересот од Барселона која летово планира играчки ремонт и повторен атак на титулата во Евролигата.

Србинот има искуство од шпанската кошарка бидејќи една сезона беше член на Валенсија, а освои и титула во Евролигата со Фенербахче во 2017 година.

0Shares
0 0