Кошаркарките на Баскет Кам со две убедливи победи ја освоија титулата во јуниорска конкуренција.
Во денешното финале, тимот од Македонска Каменица ја победи Крива Паланка со 69-50 откако вчера го растури и Бадел со 70-52. Натпреварот го одлучија втората и третата четвртина кои домаќинот на турнирот го доби со 39-20, додека првиот и последниот квартал беа израмнети.

За МВП на завршниот турнир беше прогласена Марија Николов која во финалето постигна 28 поени и ја доби битката со својата колешка од репрезентацијата Михаела Алексовска од Крива Паланка.
М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР, РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Баскет Кaм – Бaдел 70-52
Тим Арена – Крива Паланка 57-76
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН
Тим Арена – Бaдел 54-61
Крива Паланка – Баскет Кaм 50-69